Три украински нуклеарни централи затворени по руските напади

 

Украина затвори три свои нуклеарни централи по денешните руски ракетни напади врз енергетската инфраструктура, соопшти државната нуклеарна компанија „Енергоатом“.

Во соопштението се наведува дека поради „падот на фреквенцијата во енергетскиот систем на Украина“, во три електрани е активиран системот за автоматска заштита.

Станува збор за нуклеарните централи „Ривне“, „Пивденоукраинск“ и „Хмелницки“, пишува „Гардијан“.

„Во моментот електраните работат во проектен режим, што значи дека не произведуваат електрична енергија за енергетскиот систем на Украина“, соопшти „Енергоатом“.

Целиот киевски регион е без струја по руските напади.

Во исто време, прекин на електричната енергија имаше и во соседна Молдавија, вклучувајќи го и главниот град Кишињев.

Вицепремиерот на Молдавија, Андреј Спину, изјави дека струјата исчезнала на 50 отсто од територијата по руските напади врз украинската енергетска инфраструктура.

23.11.2022 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега