Нова училишна спортска сала ќе се гради во дворот на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, инвестиција вредна 48,3 милиони денари. Градоначалникот Тони Коњановски денеска со одговорните лица изврши увид во градежните работи.
Салата ќе биде на површина од 650 квадратни метри и ќе се користи за кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, пинг-понг и други спортски активности. Спортскиот дел ќе биде со димензии 15 на 30 метри и висина од 7,6 метри, а објектот ќе има и соблекувални, канцеларија и тоалети.
Изградбата извесен период била забавена поради потребата од измени на проектот за термотехника и негово усогласување со стандардите за енергетска ефикасност.
Средствата се обезбедени преку вториот владин повик на Министерството за образование и наука и од буџетот на Општина Битола.
Вакви типски спортски сали треба да добијат и ОУ „Тодор Ангелевски“ и подрачното училиште „Даме Груев“ во Долно Оризари.


