Три случаи на семејно насилство: Пијани ги нападнале жените, а еден од нив го навредувал и синот

Три лица во  посебни случаеви заработија кривични за семејно насилство.Двајца од нив ги нападнале своите сопруги, додека во Палнка 28- годишен маж ја нападнал својата вереница.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(72) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 21.12.2019 во семејниот дом на ул. „Ван Вардарска“ во Тетово, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, нанесувајќи ѝ повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Ф.П.(28) од Крива Паланка, поради постоење основи на осмнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 08.12.2019 во семејната куќа пријавениот, по претходна расправија и под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата вереница и ѝ нанел повреди.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.С.(57) од с.Конопница, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнеие за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02.01.2020 пред семејниот дом,  пријавениот, кој бил под дејство на алкохол, со тврд предмет физички ја нападнал неговата сопруга Л.С.(53), а го навредувал и неговиот син И.С.(26)“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега