Три начини на кои го саботираме љубовниот живот

Сигурно неброени пати од другарките сте ја слушнале реченицата дека сите добри мажи се зафатени. Тоа за што тие не размислуваат, или вие, е фактот дека жените за себе често бираат исклучително погрешни мажи.

Често се прашувате каде грешите и зошто не ви оди во љубовта.

Ја искривувате реалноста

Ако маж ви каже дека не сака да се врзува или не е подготвен за сериозна врска, верувајте му. Немојте тоа да го сфатите како предизвик во кој тој ќе се вљуби во вас и ќе сфати дека вие сте делчето кое му недостасува во сложувалката на неговата среќа. Ако сакате врска со маж кој истакнува дека не сака, немате вие што тука вие да барате.

Прифаќате неприфатливо однесување

Ве навредува, игнорира и омаловажува, а вие и натаму го оправдувате? Дали ви е јасно дека тука нешто не е како што треба? АКо себеси се сметате за личност вредна за љубов, ќе побегнете од таквите личности.

Прифаќате помалку од тоа што го заслужувате

Ако сте свесни дека не сте во потполност задоволни од врската во која се наоѓате, но тоа го оправдувате со реченицата „може и подобро“ сами стоите на патот на вашата среќа. Може мажот кој не ве прави среќна вас, е сродна душа на некоја друга жена, а некој друг маж е подобар за вас.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2020 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега