Три лица уапсени во Велес и Демир Капија

Три лица уапсени во Велес и Демир Капија поради поседување на дрога.

„На 07.10.2020 околу 23.00 часот, полициски службеници од СВР Велес од слобода го лишиле Т.Ј.(26) од Велес, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени марихуана и семки од растението канабис сатива. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.10.2020 околу 23.30 часот на автопатот Неготино – Демир Капија, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Х.Б.(44) и М.О.(34) од Велес, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл.215 од Кривичниот законик. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. “ соопштуваат од полиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега