Три лица од Гостивар фатени од полицијата додека шетале за време на полициски час

Три лица од Македонија добиле кривична пријава откако биле фатени дека се движеле надвор од своите домови за време на полициски час, информира МВР.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Д.(21) од село Страјане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21:15 часот, на ул.Беличица“ во Гостивар пријавениот, иако бил должен да постапува согласно донесените одлуки на Владата на Македонија, кои се однесуваат на спречување на ширење на коронавирус, преку забрана за движење на населението во временски период од 21.00 часот до 05.00 часот, не ги почитувал задолжителните мерки, се движел низ подрачјето на Гостивар и од полициски службеници бил приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б.(44) од село Страјане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 21:15 часот, на ул.„Беличица“ во Гостивар пријавениот, иако бил должен да постапува согласно донесени одлуки на Владата на Р.С.Македонија, кои се однесуваат на спречување на ширење на  коронавирус инфекција, преку забрана за движење на населението во временски период од 21.00 часот до 05.00 часот, не ги почитувал задолжителните мерки, се движел низ подрачјето на Гостивар, поради што бил приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошно постапување.

ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Љ.(33) од село Балиндол, Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020 во 22:15 часот во населбата „Питарница“ на подрачјето на Гостивар пријавениот, иако бил должен да постапува согласно донесените одлуки на Владата на Р.С.Македонија, кои се однесуваат на спречување на ширење на коронавирус, преку забрана за движење на населението во временски период од 21.00 часот до 05.00 часот, не ги почитувал задолжителните мерки и бил забележан како се движи со патничко возило „фолксваген бора“. Тој бил приведен во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега