Три лица нападнати со тврди предмети во Шуто Оризари

36-годишниот Ш.С. вчера околу 12.00 часот во СВР Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нападнат заедно со татко му и неговиот брат.

По претходна распоравија поради нерасчистени имотно-правни односи тој, неговиот татко С.С. и неговиот брат С.Б. биле нападнати со тврди предмети од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

14.05.2022 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега