Три инциденти во Неготино и Демир Капија

Три тепачки биле пријавени за едно деноноќие  во Неготино и Демир Капија, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.
 
 
 -На улица „Јане Сандански“ во Неготино вчера околу 08.30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.М.(23) и Н.П.(23), од една страна, и М.З.(39), Д.В.(38), И.Н.(35), М.У.(61) и Л.Т.(27), од друга страна. Се работи на расчистување на случајот, појасни Додевски.
 
Во ОВР Неготино З.Ч.(49) од Дeмир Капија вчера во 15.00 часот пријавил дека околу 14.30 часот во угостителски објект во Неготино бил физички нападнат од Ѓ.Д.(50) од Неготино. Се работи на расчистување на случајот.
 
 
Б.М.(31) од Демир Капија ноќеска во 00.15 часот, во казино во Демир Капија, по претходна расправија, бил физички нападнат од Б.С.(35) од Демир Капија. Се работи на расчистување на случајот, соопшти Додевски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.01.2020 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега