Три хороскопски знаци кои се зависни од социјалните мрежи

Ова се трите хороскопски знаци кои се најголеми онлајн-зависници:

Близнаци

Тие буквално спијат со мобилниот телефон или таблетот. Не поминува ни ден без да проверат што има на Фејсбук или Инстаграм. Нив комуникацијата им е најважна и не сакаат ништо да пропуштат, но и коментираат, бидејќи сметаат дека нивното мислење треба да стигне до поширока публика.

Шкорпија

Шкорпиите сакаат да бидат во тек со сè и уживаат во тоа да ги демнеат личностите кои ги интересираат на социјалните мрежи. Малку откриваат за себе, но за другите сакаат да знаат буквално сè. За нив може да се каже дека се вистински онлајн детективи.

Лав

Тие сакаат да добиваат внимание и ќе направат сè за да бидат забележани на социјалните мрежи. Всушност, нив не ги интересира многу што другите прават, туку сакаат да бидат видени и да ги воодушевуваат своите следбеници, било да е тоа со фотографија или некој мудар статус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега