Три хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта оваа есен

Со завршувањето на летото, сигурно се прашувате дали можеби есента ќе ви донесе среќа во љубовниот живот.

Иако астрологијата не може совршено да предвиди кога ќе ја сретнете личноста од соништата, според неа следниве три хороскопски знаци ќе пронајдат љубов оваа есен.

Овен

Кога ќе заврши ретроградното движење на Венера на 16-ти ноември, во вашата седма куќа на врските ќе има вистински оган.

Можеби универзумот ќе ви помогне да најдете личност која целосно ќе ве разбира.

Но имајте на ум дека ако се менувате за да ја импресионирате погрешната личност, можете да ја испуштите вистинската.

Не заборавајте дека вистинскиот партнер ќе ве забележи само кога навистина ќе се прифатите.

Шкорпија

Бидејќи Венера ќе ја помине првата половина од ретроградното движење во вашиот знак, есента ќе биде одличен период за вашиот љубовен живот.

По 2-ри декември очекувајте одличен крај на есента, особено кога станува збор за личност што навистина ви се допаѓа.

Ќе зрачите со привлечна енергија и нема личност што нема да ве забележи. Немојте да бидете изненадени ако постојано добивате покани за состанок.

Вага

Венера ќе се врати во Вага на 31-ви октомври, па ќе се фокусира само на вас.

Вашиот љубовен живот целосно ќе се преврти, но ќе откриете многу вистини.

Ве очекува навистина добар период. По 16-ти ноември очекувајте одлични промени.

Ќе се подобрат вашите самодоверба, харизма и привлечност.

Не само што ќе бидете најатрактивната личност каде и да одите, туку ќе имате многу мудрост за љубовта што ќе ве води низ овој романтичен период.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега