Завчера во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода К.А.(34) и И.М.(34), двајцата од село Марвинци, валандовско.
При преглед кај нив, кај К.А. пронајдени се неколку пакувања со амфетамин. Лицата се задржани во полициска станица и на 06.01.2025 врз основа на судски наредби, извршени се претреси во нивните домови во с. Марвинци, при што при претрес во домот на К.А. пронајдени се три поголеми пакувања со амфетамин и две дигитални ваги.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки лицата се задржани во Полициската станица Валандово и во текот на денот против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.
- Скопјанец пронајден починат во својот дом
- Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram
- Бугарин го терал да шири омраза против Македонците – скопјанец ќе одговара кривично поради статуси на ФБ
- Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп
- САД предупредуваат: Избегнувајте го Кипар поради ескалацијата на војната
- ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција
- Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет
- Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата


