Три деца со мали сипаници во тешка состојба

Три деца заразени со мали сипаници кои се лекуваат на Клиниката за детски болести се во потешка состојба, а едното е на респиратор. Директорката на Клиниката д-р Катерина Ставриќ, вели дека во моментов имаат петнаесетина деца кои се лекуваат од сипаници, и дека главно се на возраст под една година, пишува „СДК.мк“.

„Меѓу нив имаме и дете на кое пред една и пол година му е трансплантиран црн дроб, а имаме и уште едно кое чека трансплантација. Апелирам до родителите да ги вакцинираат децата, и до возрасните ако не се сигурни во својот вакцинален статус да се вакцинираат, бидејќи ова е високо заразно заболување и на удар се токму овие деца на кои им е компромитиран имунитетот. Колку е поголем бројот на вакцинирани, толку е поголем колективниот имунитет и со тоа се заштитени токму овие најмалите и најранливите“, вели д-р Ставриќ.

На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 54 заразени со мали сипаници, а според директорката д-р Милена Стевановиќ сите заразени или се невакцинирани или се без податок за вакцинален статус.

 

„На одделот имаме 26 деца и 28 возрасни. децата се главно под возраст за да бидат вакцинирани, а возрасните или не се вакцинирани или со една доза, или нема податок. Четири одделенија ни се полни со пациенти со морбили, а тука имаме и други пациенти со други болести“вели д-р Ставриќ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега