Во мај годинава, во однос на мај минатата година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9,1 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3,6 проценти, а реално е зголемена за 1,6 проценти. Трговија на мало, без горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6,2 проценти, додека трговијата на мало со автомобилски горива бележи раст од 14,7 проценти реално и 36,2 проценти номинално.

Exit mobile version