Тргнала да се пораѓа, па загинала на завеаниот пат- штотуку роденото бебе остана сираче

Дваесет и шест годишен маж загина, а 25-годишна жена во поодмината бременост почина еден ден подоцна, во сообраќајката која се случи утринава.

Бремената жена веднаш е породена со царски рез.

-Бебето е во стабилна состојба и на педијатрија ја надгледуваат неговата состојба, додека мајката е префрлена на Одделението за хирургија - велат од болницата во Крушевац.

Во автомобилот од марката „фијат“ кој се судрил со автобус имало 4 лица, две жени и двајца мажи. Другите двајца патници се лесно повредени, од кои еден со повреди на вратот и главата. Од автобусот само еден патник е лесно повреден.

Според зборовите на семејството , Јована тргнала во болница да се пораѓа, откако добила контракции.

-Стефан со Јована и нејзиниот татко и сестра и, тргнал кон болница, а надвор вееше снег и патот беше тешко прооден. Таа почна да се пораѓа иако терминот и беше на 20 јануари- раскажале роднините.

На интензивна нега се наоѓа сестрата на Јована и засега е во стабилна состојба но со скршеници и повреди на градниот кош.

Нивните соседи велат дека се работи за добар и млад брачен пар, а многумина ја обвинуваат судбината што Јована добила контракции баш кога имало снежно невреме.

-Ова им е прво дете, сигурно планирале уште деца, само што се венчаа, но ете судбиа е тоа- раскажала една соседка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега