Тревога во Грција: Исчезна воено оружје од морнаричка база- антитерористички единици вклучени во истрагата

Локални власти покренале истрага откако е утврдено дека исчезнало оружје од магацин во база на грчката морнарица на островот Лерос во Егејското Море.

Со инспекција е утврдено дека недостасува противтенковско оружје, муниција и рачни бомби.

Претходната проверка била извршена минатата година, информира портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, додавајќи дека има индиции дека оружјето е носено „малку по малку“.

Според него, најверојатно е дека тоа се случило во период од почетокот на годинава до летото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега