Третманот со матични ќелии е залажување и дава лажна надеж - италијанска докторка со детали за состојбата на Шумахер

Легендарниот Михаел Шумахер во понеделникот бил примен во париската болница на тајно лекување - вака гласеше веста која одекна како бомба во сите светски медиуми.

После тоа удгледниот француски „Парисјен“ успеал да стапи во контакт со една медицинска сестра и да ја открие здравствената состојба на Шумахер/

Тој по првпат после несреќата го напуштил семејниот дом. Имено, тој тешко ја повреди главата на 29. декември 2013 година, а после низата операции беше пуштен на домашно лекување. Оттогаш се нема појавено во јавност, но не ја напуштал ниту куќата. А, потоа се појавија информации дека пристигнал на лекување со матични ќелии.

Матилде Леонарди, една од водечките италијански експерти за тоа подрачје на медицината открива за што станува збор.

„Не постои екпериментална терапија со матични ќелии која би имала позитивно влијание на пациентот во состојба на минимална свесност како Михаел Шумахер“, рекла Леонарди, директорка на истражувачкиот центар на Нвролошкиот институт Бест во Милано и членка на италијанското друштво невролози.

„Информацијата која се појави во јавноста за поранешниот воза дава лажна надеж и за семејството. Нема историски податоци кои потврдуваат постоење и дејство на тој наводен третман. Нема траги за протокол на сличен експеримент на пациенти во состојба на минимална свет“, додала таа, а потоа и детално објаснила.

„Уште ниту еден француски доктор не кажал дека постои лек за Шумахер или за оние кои се во слична состојба како него. Случајот „Стамин“ не обележа нас, а се среќавав со луѓе кои ги продаваа своите куќи за да можат да си приуштат таков третман. Сега кружат вести за Шумахер кои ги залажуваат многуте заболени и членовите на нивните семејства“, објаснила докторката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега