Третиот рајх на дното на Црното Море: Откриена подморница од изгубената флота на Хитлер (ВИДЕО)

Подморницата У-20 од „изгубената флота“ на Адолф Хитлер од Третиот рајх е снимена на дното на Црното Море.

На снимката од дното на морето се гледа подморница покриена со песок, рибарски мрежи, алги и кал. Лежи на длабочина од 20 метри, а го откриле нуркачи во близина на северниот брег на Турција.

„У-20 е една од изгубените подморници на Хитлер. Таа е сведок на Втората светска војна во Сакарија Карс. Ние мора да го зачуваме овој дел од историјата и да ја претвориме подморницата во туристичка атракција за нуркачи“, рече професорот Мехмет Емин Бирпинар.

Подморницата во моментов е испитувана од нуркачи, но нема да биде извлечена на површината.

Уште во февруари 2008 година беа објавени информации за потонатите германски подморници. Научниците прецизно ги утврдија локациите на У-20, У-19 и У-23. Според нивните информации, У-23 се наоѓа на длабочина поголема од 50 метри, на пет километри од турскиот град Агва, а У-19 се наоѓа на длабочина од околу 500 метри, на пет километри од градот Зонгулдак.

Подморниците беа дел од 30-та флотила Кригсмарин. За време на борбите потонаа уште три подморници.

Британскиот телеграф ја нарече 30-та флотила Кригсмарин „изгубена флота на Хитлер“. Друштвото за поморска археологија изјави дека подморниците се многу значајно откритие, бидејќи тие биле запечатени и треба идеално да се зачуваат внатре, како уникатни примери на технологија од Втората светска војна.

Подморниците потонале во 1944 година кога советските трупи се приближиле до романското пристаниште Констанца, каде тогаш се наоѓала главната поморска база на Романија, која тогаш беше на страната на земјите од Хитлер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега