Трета жртва на коронавирусот во БиХ

Бројот на жртви во Босна и Херцеговина се искачи на три, пренесуваат босанските медиуми.

Во Сараево забележани два нови случаи, од кои, едно лице починало.

Станува збор за постара жена која, според босанските медиуми, премолчела дека била во контакт со ќерка ѝ која била во Италија.

На коронавирус била тестирана дури по смртта.

Во БиХ досега регистрирани се 166 случаи на заразени со коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2020 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега