Трет инцидент за помалку од 7 дена: "Сухој" пресретнал шпионски авион на САД над Црното море (ВИДЕО)

Црното море е привлечно во текот на летото, но оваа година неговите брегови посебно ги привлекуваат американските пилоти, па така руски борбени авион трет пат од четвртокот пресретнале американски шпионски авион, пренесува "Russia Today".

Рускиот борбен авион "Su-27" бил кренат откако над Црното море повторно бил забележан американски шпионски авион "P-8A Poseidon", кој, како што е наведено, ја "скенирал" руската јужна граница. 

Радарот открил го открил леталото над неутралните води во понеделникот, а потоа го пресретнал борбен авион "Su-27" чиј пилот од безбедна оддалеченост потврдил дека станува збор за споменатиот американски авион, соопштило руското министерство за одбрана.

"P-8A Poseidon" потоа го променил курсот и почнал да се оддалечува од руската граница, а "Su-27" се вратил во својата база.

"Кршењето на воздушниот простор не е дозволено", истакнало во соопштението руското министерство за одбрана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа