Трет ден по ред висок е бројот на новозаразени - 9 починати

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи со КОВИД-19. Починати се девет лица, сите во болнички услови. Оздравени се 186 лица.

Како што соопшти Министерството за здравство, најмногу нови случаи со КОВИД-19 има во

Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Од вкупно 186 оздравени пациенти, 50 се во Скопје, во Прилеп – 29, Кавадарци – 25, Куманово – 15, Тетово – 14, Велес – 9, Неготино – 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Гостивар – 5, Струмица и Крушево – по 4, Богданци – 3, Штип, Свети Николе и Валандово по двајца, Делчево и Пробиштип по еден.

Од починатите лица, починати се по четворица пациенти од Скопје (81г, 75г, 74г, 73г) и по еден пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г).

Од направените 3.701 тестови, преку ИЈЗ се 513, ЦЈЗ Скопје-113, Авицена-371, Биотек-297, Жан Митрев (Филип Втори)-205, Систина-290, лабораторија Лаор–383, МАНУ-0, Судска медицина-33, ЦЈЗ Битола-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-148, Ремедика-59, лабораторија болница Козле-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1190, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)

Скопје 375, активни 4309

Куманово 20, активни 353

Прилеп 44, активни 719

Тетово 22, активни 262

Гостивар 23, активни 177

Штип 15, активни 118

Кавадарци 35, активни 549

Велес 11, активни 245

Битола 25, активни 212

Охрид 16, активни 444

Струмица 10, активни 187

Струга 10, активни 178

Кочани 10, активни 104

Кичево 5, активни 48

Неготино 13, активни 310

Гевгелија 29, активни 278

Свети Николе 5, активни 24

Крива Паланка 14, активни 140

Ресен 5, активни 55

Дебар, активни 17

Делчево 2, активни 66

Радовиш 5, активни 15

Берово 5, активни 33

Пробиштип 2, активни 37

Виница, активни 23

Валандово 3, активни 36

Крушево 5, активни 82

Богданци 9, активни 68

Кратово 1, активни 27

Демир Хисар 1, активни 26

Демир Капија 2, активни 32

Македонски Брод, активни 5

Македонска Каменица, активни 2

Пехчево, активни 4

Дојран, активни 1

Надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од КОВИД-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.03.2021 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега