Тренчевска: Продолжуваме со зголемување на капацитетите на домовите за стари лица

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, денеска потпишаа договор за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Општината.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, воедно бил потпишан и договор за групни набавки и реконструкција на Домот за стари лица „Иван Влашки“ во Берово со што ќе се зголеми капацитетот за 28 корисници.

-Соработката со Општина Берово секогаш вродува со плод. Со потпишувањето на договорот ја зацврстуваме нашата соработка. Апелирам до сите општини да го следат примерот на Берово и на градоначалникот, рече Тренчевска.

Со потпишаниот договор се уредува соработката и делувањето за активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите согласно потребите на граѓаните во социјален ризик и социјална исклученост.

-Договорот за јавни набавки изнесува 14.165.699,40 денари вкупна вредност со ДДВ, а средствата ќе бидат наменети за градежни работи со што објектот на Домот за стари лица „Иван Влашки“ ќе биде реконструиран и адаптиран за поквалитетен живот на старите лица кои престојуваат во него. Финансиските средства се во целост обезбедени од страна на Министерството за труд и социјална политика, се наведува во соопштението од МТСП.

26.09.2022 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега