Тренчевска: Антикризните мерки опфаќаат над 187.000 пензионери

 

Антикризните мерки се за граѓаните, особено за најранливите категори граѓани во државата и тоа пензионерите со ниски пензии, лицата со попреченост, самохраните родители и студентите односно учениците од основно и средно училиште, истакна претседателката на форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Тренчевска нагласи дека мерките од деветиот антикризен пакет, во вредност од 662 милиони евра, кој опфаќа над 400.000 граѓани, не се ни изборни ни популистички.

Ако беа популистички немаше да бидат во ваков формат и ќе беа до изборите, дел од мерките се пред изборите, дел се до јуни, значи едните траат 5 месеци, имаме мерки што траат 6 месеци, мерки што траат 7 месеци, мерки што траат во континуитет цела година, така да овие мерки се за граѓаните, особено за најранливите категори граѓани во државата, нагласи Тренчевска.

Тренчевска истакна дека учениците во основно училиште, кој што доаѓаат од семејства каде што приходот е до две минимални плати односно до 50 000 денари, колку што изнесува  и потрошувачката кошница ќе добиваат 1.200 денари, а средношколците 1.800.

Родителите наместо да одвојат 1.200 или 1.800 денари ете ние како министерства како Влада ги даваме на семејствата со ниски приходи, и сметам дека 1.200, 1.800 денари на месечно ниво можеби не се премногу пари за  семејство што имаат многу пари, меѓу тоа за семејство што има до 50.000 денари приход, 3.000 денари, доколку има две деца е сума која што не треба да се занимари, рече Тренчевска, додавајќи дека студентите ќе добиваат 600 до 1.200 денари зависно колку чини повратната карта од местото каде живеат до градот кај што студираат.

Тренчевска нагласи дека најголема категорија опфатена со мерките се пензионерите, над 187.000 пензионери со ниски пензии.

Пензионерите со пензии до 14.000 денари добиваат 15.000 денари распоредени на 5 месеци, за ублажување на последиците од енергетската криза и покачувањето на цените на прехранбените производи, рече Тренчевска, додавајќи дека со политиките на владата предводена од СДСМ пензиите од март 2022 година, досега се зголемени за 26 отсто.

29.11.2023 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега