На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, по предупредувањето за буџетската дупка од над една милијарда евра во Фондот за ПИОМ и целосната исцрпеност на буџетската ставка за трансфери, укажа дека со мерката на владата за зголемување на пензиите, 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во своето обраќање, Тренчевска побара одговор од заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, како дали ќе се почитува одлуката на Комисијата за заштита од дискриминација и кога ќе бидат доставени до Собранието измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Exit mobile version