Треба да се вакцинираат и бебињата до 6 месеци од Скопје

Уште 7 нови случаи на заболени од морбили регистрираа докторите. Двајца се хоспитализирани. Три дечиња се со потешка клиничка слика, а меѓу нив е и дете со церебрална парализа.

Вчера комисијата за заразни болести при министерството за здравство донесе нови мерки, пренесе Канал5.

Родителите кои имаат деца со наполнети 6 месеци од Скопје, од денеска да се јават во најблискиот вакцинален пункт и да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, а истото да го сторат и родителите на децата од училишна возраст. 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега