Трчале да се спасат - Драма во Велес, изгоре куќа

Изгоре куќа во пожар што избувна претпладне во 10 часот на улица „Јовче Чучук“ број 40 во месноста Јурија во Велес, но нема повредени лица. Станарите навреме ја напуштиле куќата.

Екипите на Територијалната противпожартна единици од Велес го локализирале пожарот околу 11 часот и спречиле да се прошири на соседните куќи.

Во гаснењето на пожарот биле активирани три противпожарни и две теренски возила и 15 пожарникари, а се вклучиле и соседите  за да спречат негово ширење.

Според првичните сознанија од очевидци, во куќата имало поголема количина на пластични шишиња, но дали се тие причина за пожарот треба да утврди истрагата од полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега