Трапм за првпат во јавноста по упадот во Конгресот: „Ова е најголемиот лов за вештерки во историјата на политиката“

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој е под голем притисок да поднесе оставка откако неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот, изјави денес дека постои огромен гнев поради обидот да се повлече од него, додавајќи дека тој не сака насилство и дека ова е „најголемиот лов за вештерки во историјата на политиката “.

Трамп за првпат се обрати пред медиумите по почетокот на гласањето за неговото отповикување, кое ќе започне утре во Претставничкиот дом.

„Не сакам насилство“, изјави Трамп пред новинарите откако го посети ѕидот во близина на американско-мексиканската граница во Аламо, Тексас, објави Ројтерс.

Би-Би-Си додава дека Трамп го осудува обидот на демократите да го симнат од власт заради тврдењата дека поттикнувал насилство на Конгресот.

"Ова е најголемиот лов на вештерки во историјата на политиката. Мислам дека предизвикува многу гнев", рече Трамп оценувајќи дека "овој потег е смешен".

 Претседателот на САД смета дека затворањето на неговата сметка на социјалната мрежа е „катастрофална грешка“ и тој ја опиша големата технолошка компанија како „катастрофална“, додава Индипендент.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.01.2021 - 19:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега