Трамп за малку ќе го разрешел шефот на Пентагон

Претседателот на САД, Доналд Трамп, имал намера да го разреши првиот човек на Пентагон, Марк Еспер, поради неговото одбивање да употреби воена сила за разбивање на протестните акции што деновиве се одвиваат во Вашингтон и низ земјата.

 

Весникот Волстрит џурнал денеска објави дека конфликтот започнал на средба на врвот минатата недела кога Еспер истакнал дека војската треба да се ангажира само во крајни моменти, кога се друго нема да вроди со плод.

На претседателот Трамп ваквиот став не му се допаднал, и започнал да се консултира со неколку советници за тоа дека сака да донесе одлука за отпуштање на шефот на Пентагон.

Советниците едвај и во последен момент го разубедиле Трамп од таква одлука, дознава весникот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа