Трамп вели дека гледа светло на крајот од тунелот, а лекарите дека следува најтажната и најтешката недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази денеска надеж дека дошло до врамнотежнување во некои жаришта на коронавирусот во САД, додека неговите медицински советници имаат умерен став.

Трамп оценил дека падот на бројот на починати во Њујорк можеби претставува добар знак и показател дека Американците почнуваат да го гледаат светлото на крајот од тунелот.

Истовремено, Ентони Фаучи, член на американскиот медицински тим за борба против коронавирусот, рекол дека се потребни две недели напор како што е социјално дистанцирање и препораки да се остане дома, за ширењето на вирусот да се намали.

„Она што го слушате за можното светло на крајот на тунелот не може да го избрише фактот дека утре и следниот ден ќе бидат многу тешки“, рекол Фаучи.

Пефот на американската Служба за јавно здравје Џери Адамс предупредил дека ова ќе биде „најтешка и најтажна недела во животот на Американците“.

Неколку гувернери пак инсистираат да се издаде предупредување да се остане дома. Во повеќето држави на граѓаните им е наредено да седат дома.

Во САД досега се потврдени повеќе од 335.000 случаи на заразени со коронавирус, а повеќе од 9.500 луѓе починале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега