Трамп тврди дека во август повторно ќе стане претседател на САД

Една американска новинарка на својот профил на Твитер тврди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп им рекол на луѓето дека очекува да биде реизбран за претседател на САД во август.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп тешко го издржа поразот на изборите и во неколку наврати повтори дека изборите на кои победи Џо Бајден се украдени. Милијардерот се обидува да ги повтори резултатите од гласањето и наместо на социјалните мрежи на кои му се откажани сметките, тој сега пишува на својата интернет-страница.

Тој во новиот дел на својата интернет-страница наречена „Од бирото на Доналд Трамп“ напиша дека изборите што ги изгубил биле голема лага.

Новинарката на „Њујорк тајмс“, Меги Хаберман на својот профил на „Твитер“ тврди дека Трамп летово има големи очекувања.

„Трамп им рече на многу луѓе дека очекува да биде вратен на позицијата претседател на САД во август (не, не може вака, ова е класично ширење на информации)“, пишува во нејзиниот пост на оваа социјална мрежа.

Таа додаде дека тоа се случува затоа што „Трамп стравува поради можно обвинение што наводно се подготвува против него во Њујорк“, пишува „Мирор“.

Претходно беше објавено дека американските власти во Њујорк започнале истрага против компанијата на Трамп.

Неговата компанија е под истрага поради сомневање дека лажно ја пријавиле вредноста на имотот за да ги зајакнат своите финансии.

02.06.2021 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа