Трамп: СЗО навистина „ја оплеска“

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Светската здравствена организација и ја обвини дека била премногу опуштена кон Кина и оти давала лоши совети на почетокот на епидемијата.

-СЗО навистина „ја оплеска“. Од некоја причина финансирана најмногу од САД, а сѐ уште многу наклонета кон Кина. Добро ќе ја проучиме, напиша Трамп на Твитер.

Додаде дека за среќа тој не го послушал советот на СЗО границите со Кина и натаму да бидат отворени на почетокот на епидемијата и се запраша зошто организацијата давала „толку погрешни препораки“.

07.04.2020 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега