Американскиот претседател Доналд Трамп претстави шокантен план за продажба на до 50 милиони барели венецуелска нафта, по апсењето на Николас Мадуро и неговото префрлање во притвор во Њујорк. Овој потег, кој тежи речиси 2 милијарди долари, јасно укажува на новата реалност во Каракас и воспоставената координација меѓу Вашингтон и новите венецуелски власти.
Трамп е дециден: нафтата ќе се продава по пазарна цена, но парите ќе останат под строга американска контрола. Додека Мадуро се соочува со тешки обвиненија за трговија со дрога, Белата куќа веќе ја отвора вратата за американските нафтени гиганти кои се подготвуваат за влез на венецуелскиот пазар.

