Доналд Трамп упати јасно и директно предупредување до украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека прозорецот за постигнување мировен договор со Русија забрзано се затвора. Според американскиот претседател, доцнењето во преговорите може да доведе до непоправливи последици за Украина.

Трамп, кој постојано ја нагласува својата способност за брзо решавање на конфликтот, смета дека е неопходно итно преземање на дипломатски чекори пред ситуацијата дополнително да ескалира или да се променат околностите на теренот.

Во својата порака, Трамп беше дециден:

„Ќе ја пропуштите шансата за мир ако не дејствувате сега.“

Тој додаде дека сегашниот момент е можеби последната реална можност за прекин на војната под услови кои би биле одржливи за Киев, сугерирајќи дека понатамошното чекање само ќе ја ослабне преговарачката позиција на Украина.

Exit mobile version