Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја брануваше јавноста со својата празнична честитка објавена на неговата социјална мрежа „Социјална вистина“. Иако упати желби за Среќен Божиќ до сите граѓани, тој не пропушти можност за остар напад врз неговите политички неистомисленици.

Во својата објава, Трамп демократите и своите противници ги нарече „радикално левичарски ѓубриња“, обвинувајќи ги за обиди за уништување на државата.

„Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња кои прават сè што можат за да ја уништат нашата земја, но целосно не успеваат во тоа. Повторно сме почитувани, можеби како никогаш досега. Бог да ја благослови Америка!!!“, напиша Трамп.

Републиканскиот претседател го искористи празникот и за да ги нагласи успесите на неговата администрација, тврдејќи дека под негово водство САД го вратиле меѓународниот углед. Во неговиот препознатлив стил, терминот „радикална левица“ ги опфати сите политички опоненти, без оглед на нивната позиција во партискиот спектар.

Exit mobile version