Трамп со еден потег ја разбесни целата држава, реагираше и обвинителка

За време на посетата на фабриката на „Форд“ во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп одби да носи заштитна маска, иако тоа е задолжително за сите кои влегуваат во некаков јавен простор во земјата.

Иако компанијата ја запознала службата на протоколот на Белата куќа со овој интерен пропис, од администрацијата на претседателот пристигнал одговор дека Белата куќа има свои безбедносни протоколи и самите одлучуваат за тоа.

Неименуван извор за „СиЕнЕН“ тврди дека претседателот одбил да носи заштитна маска затоа што во близина имало многу телевизиски камери.

На прашањето зошто не носи заштитна маска пред камерите, Трамп одговори дека „не сака на медиумите да им дозволи да уживаат гледајќи го со маска“.

После ова се огласи и јавната обвинителка на сојузната држава Мичиген, Дејна Несел која порача дека доколку претседателот и во иднина нема намера да носи заштитна маска, тогаш подобро да не доаѓа во посета на ниту една компанија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега