Трамп сепак не се откажува: Неговиот тим најавува нова тужба за изборни нерегуларности во Џорџија- сослушување закажано во Невада

Тимот на американскиот претседател Доналд Трамп објави нова тужба за изборни нерегуларности во Џорџија, додека рочиштето за нивната тужба е закажано во Невада, објави Трамп на Твитер.

Трамп објави на Твитер дека поранешниот обвинител и неговиот соработник Сидни Пауел ќе поднесат тужба во Џорџија.

Трамп повторно го критикуваше државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, бидејќи не дозволил да се проверат пликовите со кои гласовите пристигнале по пошта, бидејќи на нив има само потписи на гласачи. Тој верува дека на тој начин би биле откриени „десетици илјади нелегални гласови“, како што напиша тој.

Гласовите во Џорџија беа рачно пребројувани поради малата разлика помеѓу двајцата кандидати, а по пребројувањето беше утврдено дека победи демократскиот кандидат Џо Бајден.Трамп, сепак, смета дека наводите за изборни манипулации не се проверени.

Трамп, исто така, објави на Твитер обвинувања за изборни нерегуларности во Висконсин, Пенсилванија и Мичиген.

Американскиот претседател пренесе и твит во кој се наведува дека судот во Невада закажа рочиште на кое ќе бидат презентирани доказите за изборни кражби собрани од републиканците, а ќе бидат сослушани 15 сведоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега