Трамп се предомисли, сега му се допаѓа како изгледа со маска: Изгледам како Осамениот ренџер

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој досега не е виден со маската во јавност, изјави дека не би му било „воопшто тешко“ да ја носи, повторувајќи го верувањето дека коронавирусот „ќе исчезне во одреден момент“.

„Не би ми било воопшто тешко . Ако побрзам, ќе го сторам тоа“, рече тој за „Фокс Бизнис“, додека бројот на заразени од „ковид-19“ нагло се зголеми во делови од Соединетите држави.

Тој наведе дека носи црна маска, и покрај тоа што кога ќе ја стави, како што самиот тврди, како лик од стрипот и филмот „Осамен ренџер”, но оти тоа му се допаѓа.

– Се за маските, истакна Трамп, додавајќи дека кога би се нашол сред голема гужва би носел маска.

Осамениот ренџер е измислен лик од Дивиот Запад кој носи црна маска околу очи.

– Немам проблем со тоа (носење маска) и ако луѓето се чвствуваат добро со маска треба да се носи, истакна Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа