Трамп порача: Имаме најдобри вооружени сили на светот, Русија и Кина ни завидуваат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека Русија и Кина ѝ завидуваат на моќта на САД.

Говорејќи пред своите бирачи во државата Висконсин, тој ветил дека, доколку повторно биде избран за претседател, ќе ја направи земјата светски произведувач на роба и ќе стави точка на зависноста од Пекинг.

„Имаме најдобри вооружени сили на светот. Русија и Кина ни завидуваат. Никој не мислеше дека сме способни за тоа, но сето тоа е направено во САД. Нашето нуклеарно оружје е во најдобра состојба. Просто се надевам дека нема да мораме да го употребиме“, рекол претседателот.

Трамп повеќе пати соопштуваше дека во САД се работи на развојот на „супер-ракети“ чија брзина е 17 пати поголема од брзината на звукот.

На почетокот на септември Пентагон соопшти за успешните тестирања на прототипот хиперсонично оружје. Истовремено, американската команда признала дека заостанува во таа област за Русија и Кина најмалку 5 пати.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.10.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега