Доналд Трамп повторно ја потврди својата блиска соработка и високиот респект кон унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во својата последна изјава, поранешниот (и сегашен) американски претседател упати низа пофални зборови за лидерството на Орбан, нарекувајќи го цврст и одлучен политичар кој примарно се грижи за националните интереси.
Трамп истакна дека Унгарија под водство на Орбан станала пример за суверенитет и заштита на традиционалните вредности, нагласувајќи ја нивната заедничка визија за светот.
Во својата порака, Трамп беше дециден во пофалбите:
„Виктор Орбан е голем лидер и човек кој никогаш нема да ги разочара големите луѓе на Унгарија.“
Оваа поддршка доаѓа во време кога односите меѓу Вашингтон и Будимпешта се во фокусот на меѓународната јавност, особено поради нивните слични ставови околу миграцијата, економијата и пристапот кон глобалните конфликти.


