Трамп официјално потврди: Омилениот син на Осама бин Ладен бил ликвидиран

Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврдил дека Хамза бин Ладен, син на убиениот лидер на терористичката Ал-Каеда, Осама бин Ладен, кој и самиот беше значајна милитантна фигура на групата по смртта на татко му, е убиен во американска анти-терористичка операција.

Белата куќа соопштила дека операцијата била спроведена во регионот Авганистан-Пакистан, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Загубата на Хамза бин Ладин не само што ја лишува Ал Каеда од важни лидерски вештини и симболичната поврзаност со основачот на организацијата, туку ги поткопува клучните оперативни активности на групата, се вели во соопштението.

Во изјавата на Белата куќа не се објавени детали за тоа кога Хамза бин Ладен бил убиен и како САД ја потврдиле неговата смрт, пренесува АР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2019 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега