Трамп нема да се посвети на мирен трансфер на власта:„ Ќе видиме како ќе биде“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно нема да прифати мирен трансфер на власта доколку ги загуби изборите во ноември.

Тoj изјавил дека верува оти изборниот резултат може да заврши во Врховниот суд на САД, бидејќи  повторно се сомнева во гласањето по пошта.

„Па, ќе мора да видиме што ќе се случи“, рече претседателот на прес-конференција во Белата куќа.

Повеќе држави го охрабруваат гласањето преку пошта, повикувајќи се на потребата да се заштитат Американците од коронавирус.

„Многу силно се жалев на гласачките ливчиња, тие се катастрофа“, изјавил Трамп.

На новинарската забелешка дека „луѓето се бунат“, Трамп возврати: „Ослободете се од гласачките ливчиња и ќе имате многу – ќе имате многу мирен – нема да има трансфер, искрено, ќе има продолжение“, рече Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега