Трамп: Нема да има војна со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска ги отфрли наводите според кои САД планира војна со Иран.

Трамп реагираше на денешниот извештај на Њујорк Тајмс според кој Белата куќа разгледува воени планови против Иран и можно испраќање 120.000 американски војници на Блискиот исток доколку Иран ги нападне американските сили или го зајакне развивањето на нуклеарното оружје.

Трамп рекол дека тоа се „лажни вести“ и дека тој бил „апсолутно“ подготвен да испрати екипи но дека не планирал и дека се надева дека нема да мора за тоа да планира.

Тој посочил дека доколку планира војна со Иран ќе испрати многу поголем број војници од наведеното.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега