Трамп најави: До крајот на годината 100 милиони дози на вакцина против коронавирус

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најмалку 100 милиони дози вакцини против коронавирусот би можеле да бидат дистрибуирани ширум САД до крајот на оваа година.

„Штом Агенцијата за лекови ќе ја одобри вакцината... ќе можеме да дистрибуираме 100 милиони дози до крајот на 2020-та“, изјави на прес-конференцијата американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Претходно, директорот на Центарот за контрола и превенција на болести Роберт Редфилд изјави дека вакцината против коронавирусот би можела да се најде во широка употреба до средината на идната година или малку подоцна.

Трамп деновиве исто така најави дека вакцината ќе биде подготвена за дистрибуција до претседателските избори на 3-ти ноември.

Во интервјуто за "ABC", американскиот претседател порача: „Многу сме блиску да добиеме вакцина. Ако сакате да ја знаете вистината, на претходната администрација ќе ѝ требаа можеби и години за да ја развијат вакцината поради Агенцијата за лекови и сите одобренија. Ние ќе ја добиеме вакцината за неколку седмици. Би можеле да бидат, три, четири седмици“.

Досега Соединетите Американски Држави се најпогодената земја на светот со дури 6,8 милиони заразени со коронавирус. Како последица на коронавирусот во оваа земја досега починаа рекордни 201 илјади лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега