Американскиот претседател Доналд Трамп, во ексклузивно интервју за „Ен-би-си“, порача дека неговата администрација цели кон целосна промена на власта во Иран. Трамп откри дека веќе има неколку потенцијални кандидати за нов ирански лидер и дека САД преземаат конкретни мерки за нивна заштита додека траат воените дејствија.

„Сакаме да влеземе и да исчистиме сè“, изјави Трамп во телефонски разговор, нагласувајќи дека не сака процесот на обнова на земјата да трае со децении.

Во дополнително интервју за „Аксиос“, претседателот на САД беше уште подиректен околу својата улога во иднината на Техеран:

„Сакаме тие да добијат добар лидер. Имаме неколку луѓе за кои мислам дека би биле одлични за работата. Да, се грижиме за нивната безбедност“, потврди Трамп, одбивајќи да ги открие имињата на фаворитите.

Трамп ги отфрли најавите на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, за можна копнена инвазија, нарекувајќи ги „бесмислени“. Според него, Иран веќе ги загубил сите воени капацитети, вклучувајќи ја и морнарицата, а нападите врз земјата ќе продолжат со несмален интензитет.

Exit mobile version