Трамп на подарок од Моди доби три мајмуни: Кое е значењето на оваа скулптура во Индија

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија срдечно биле дочекани во Индија, во градот Ахмедабад каде започнале дводневна посета на оваа земја.

Премиерот Нарендра Моди ги дочекал во Сабармати Ашрам, некогашната резиденција на Махатма Ганди.

При обиколката на местото во кое живеел Ганди, Моди им ја објаснил на гостите важноста која ова место ја зазема во индиската борба за слобода, и им подарил на Меланија и Трамп фигури од Три мудри мајмуни.

Инаку, оваа мала скулптура била редок исклучок кој Ганди го направил во својот живот и ја задржал иако се определил за животен стил со кој се откажува од поседување материјални добра.

Мајмуните инаку се со прекриени очи, уста и уши и се познати ширум светот, но ова е всушност нивното значење.

Трите мистични мајмуни, како уште и се нарекуваат, претставуваат однос кон злото - Мизар, кој ги прекрива очите порачува „Не гледам зло“, Киказар, кој ги прекрива ушите порачува „Не слушам зло“ и Ивазар, кој ја прекрива устата порачува „Не зборувам зло“.

Слична фраза во Кина може да се најде во избраните мудрости на Конфучиј така што се претпоставува дека неговата изворна изрека е скратена и пренесена во Јапонија.

Во учењето на Ганди стои дека она што го правиме (зборуваме, слушаме и гледаме“ е круцијално за она што го мислиме и чувствуваме. А, она што го мислиме и чувствуваме станува срж на она што го сметаме за наша сила.

Трите мајмуни се познати во светот, а во различни краишта имаат различни толкувања.

Во Јапонија претставуваат златно правило, во будистичката филозофија симполизираат избегнување зли мисли.

Во западните земји се користат како асоцијација на одговорни лица или оние на власт кои ги занемаруваат своите морални обврски и ги игнорираат нечесните работи кои се случуваат околу нив.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега