Трамп: Луѓето се уморни од слушање на Фаучи и сите тие идиоти

Американскиот претседател Доналд Трамп, поради управување во криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, денеска упати остри критики за експертот за заразни болести, Ентони Фаучи, нарекувајќи го „катастрофа” и дека „луѓето се уморни од Ковид-19″, јавија медиумите во САД кои се повикуваат на изјави на новинари кои го слушале разговорот.

– Луѓето се уморни од коронавирусот, луѓето се уморија од слушање на Фаучи и сите тие идиоти”, рекол претседателот, според новинарите кои го слушнале разговорот.

Трамп додал дека Фаучи, кој раководи со Националниот институт за алергија и заразни болести од 1984 година, е „пријатен човек”, но тој е „тука 500 години”. Шефот на државата, исто така, рекол, но без да обезбеди докази, дека ќе имало 800.000 смртни случаи од коронавирус во САД, ако тој ги следел советите на Фаучи.

– Фаучи е катастрофа”, нагласил Трамп.

Во интервју за американска телевизија, експертот за инфективни болести коментира дека „воопшто не бил изненаден” што Трамп се заразил со коронавирус, затоа што организирал масовни настани со минимални мерки за социјално растојание и носење маски неколку дена пред да се разболе.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека Американците повеќе му веруваат на експертот отколку на претседателот. Една студија од „Њујорк Тајмс“ во јуни покажа дека 67 проценти од Американците имаат доверба во Фаучи како извор на информации за пандемијата. Само 26 отсто го велат истото за Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега