Трамп: Ќе се сретнам со двајцата лидери наредната недела, сакам да бидам пријател со Кина и со Русија и така и ќе биде

Доналд Трамп изјавил дека ќе разговара со претседателите на Русија и Кина на маргините на самиотот Г20 во Осака.

„Сакам да бидам пријател со Русија и така ќе биде.Сакам да бидам пријател со Кина и мислам дека така и ќе биде“ одговорил Трамп на прашање на новинарот , како се развиваат односите до рускиот и кинескиот лидер.

„Ќе имам состанок со двајцата наредната недела во Јапонија на Г20“ ркол Трамп.

Тој истакна дека влошувањето на односите меѓу САД и Русија бвлијаел така наречениот "лов на вештерки", мислејќи на за истрага за мешањето на Москва во изборите во САД, со кои се занимаваше специјалниот обвинител Роберт Милер.

„Ќе имаме добри односи со Русија и Кина. Тоа е многу важно“ рекол Трамп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега