Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека сака „трајно да ја запре миграцијата“ од посиромашните земји и вети дека ќе се обиде да протера милиони имигранти од САД.

Во објава на мрежата „Truth Social“, Трамп рече дека сака „целосно да го растовари“ американскиот систем, но не прецизираше кои земји ќе бидат опфатени со тоа ограничување.

Тој додаде дека ќе ги прекине „милионските“ приеми од времето на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден и ќе ги отстрани сите кои, според него, „не се нето вредност за САД или не се способни да ја сакаат земјата“.

Планот на Трамп вклучува укинување на федералните субвенции за странски државјани, одземање на државјанство од оние кои „го нарушуваат домашниот мир“ и депортирање на странци кои ги опишува како „јавен товар, безбедносен ризик или некомпатибилни со западната цивилизација“.

Изјавата следува по нападот врз припадници на Националната гарда во Вашингтон, кога авганистанскиот државјанин Рахманула Лаканвал застрела двајца гардисти – едната им подлегна на повредите, додека другиот е во критична состојба. Лаканвал веднаш бил приведен и иако бил ранет при апсењето, повредите не се опасни по живот.

Exit mobile version