Трамп издаде итна наредба: Приземјени сите „боинг 737“ авиони- нема да летаат додека не бидат безбедни

Американскиот претседател Доналд Трамп издал наредба, итно да се приземјат сите авиони „боинг 737“ макс.

САД решија да ги приземјат сите звиони „боинг 737“ Макс 8 и Макс 9 и таа наредба стапува во сила веднаш, соопштил Трамп.

Одлуката е донесена по падот на Боинг 737 во Етијопија во која загинаа 157 лица.

Многу земји го забранија полетувањето на овие авиони, а помеѓу нив и Македонија, но пред оваа објава на Трамп, американската Федерална администрација за авијација соопшти дека не располага со податоци дека овие авиони се небезбедни.

Трамп ги цитираше "новите информации" како причина за одлуката што ја виделе во тековната истрага за несреќата, но не ги специфицира деталите.

Трамп рече дека авионите нема да летаат додека Боинг "не најде решение". Боинг објави дека ќе ја суспендира целата флота на авионот 737 Макс, од кои вкупно 371.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.03.2019 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега