Трамп именуваше нов американски амбасадор за Македонија

 

Претседателот  на САД Доналд Трамп има ја номинира Кејт Брнс за нов американски амбасадор во Република Македонија, соопштуваат од Белата куќа. Кејт Брнс сега е заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Таа е дипломат со над 20-годишна кариера.

 

Именувањето на Брнс треба да биде одобрено во Сенатот. Ако биде именувана, ова би било нејзина прва позиција како амбасадор, а својот мандат во Скопје треба да го започне најрано од крајот на јануари 2019 година.

 

Претходно Брнс беше заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

 

 

 

08.11.2018 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега