Американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија за уште една година. Како што се наведува во официјалната порака објавена во Федералниот регистар на САД, продолжувањето на рестриктивните мерки е поврзано со војната во Украина и официјално стапува на сила на 6 март.
Одлуката е донесена во согласност со Законот за национални вонредни состојби, со што се продолжува важноста на вонредната состојба првично прогласена со Извршната наредба 13660. Овој правен механизам овозможува натамошна примена на санкциите кои беа воведувани етапно во 2014, 2018 и 2022 година преку наредби на претходните американски претседатели.
Според американското законодавство, прописите за вонредни состојби и придружните санкции имаат важност од една година. Со овој последен потпис, Трамп го искористи претседателското овластување за да го задржи економскиот и политичкиот притисок врз Москва во рамките на тековната ситуација во Украина


